Македонија

120 јагниња и 100 овци однесе надојдена река

Сѐ се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела сѐ пред себе

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото „Шепово“.

Според сопственикот, сѐ се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела сѐ пред себе.

„Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метра, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и овците. Штетата е голема. Во еден момент постоеше опасност и нас да нѐ повлече водата, мене и брат ми Никола, но успеавме да се спасиме“ раскажува Зоран Колев.

Тој денеска ја пријавил штетата во Општина Струмица, а загинувањето на јагнињата и овците го пријавил и кај другите надлежни служби, кои треба да излезат на терен и да ја утврдат висината на штетата.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top