Македонија

14 милиони денари за набавка на возила за ,,Комунална хигиена“ и дополнителна донација од уште две други возила

Со одлука на Советот на Град Скопје

Со одлука на Советот на Град Скопје, за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се издвојуваат 14 милиони денари за набавка на нови, специјализирани комунални возила, неопходни за поефикасно и навремено одржување на хигиената во главниот град.  Дополнително, пристигнуваат уште две возила како донација од општествено-одговорни компании, што претставува значајна поддршка и признание за нашите напори, објави вечерва на Фејсбук градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Наскоро ќе се распише тендер за набавка на 80 електрични автобуси за Скопје

Оваа одлука, како што наведува, повторно ја потврдува нашата посветеност кон домаќинско, рационално и одговорно трошење на средствата.

– Со ваквиот модел на набавка, градот заштедува и 2 милиони денари преку повратот на ДДВ, средства кои, доколку градот сам ги набавуваше возилата, ќе беа целосно потрошени. Уште поважно, веќе е почната постапката во соработка со Владата на Република Македонија и Светска банка, за набавка на повеќе од 20 нови специјализирани комунални возила. Ова значи модерна механизација, поголема ефикасност и подобра услуга за сите жители на Скопје. Набавката на нова опрема е инвестиција која се враќа веднаш, пишува скопскиот градоначалник.

Новите возила се под гаранција, со значително пониски трошоци за сервисирање, што ќе стави крај на бесконечните одливи за амортизација и поправки на старата механизација и возила стари по повеќе од две децении.

Орце Ѓорѓиевски: Само македонски изведувачи за Новата година – Тамара Тодевска и Каролина Гочева во фокус

– Со секој ваков чекор градиме систем кој работи брзо, економично и во интерес на граѓаните. Скопје и скопјани заслужуваат современа услуга и достоинствен град. И со одговорно работење, тоа и ќе го добијат, нагласува Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top