Македонија

15 години Музеј на македонската борба за самостојност

На свеченоста, која ќе почне во 19 часот, ќе бидат доделени благодарници на поединци и институции кои придонеле за развојот и поддршката на работата на Музејот

 

Со свечена програма, во рамки на која ќе бидат презентирани дел од изложбените, издавачките и програмските активности реализирани во изминатите години, Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе одбележи 15 години од основањето.

По повод јубилејот, во Музејот ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати од реализираните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози објавени во изминатите петнаесет години.

Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали, преку која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со досегашната работа на установата и реализираните проекти.

Од музејот посочуваат дека одбележувањето на јубилејот претставува осврт кон изложбите, проектите и соработките што ја обележале работата на институцијата во изминатите 15 години.

На свеченоста, која ќе почне во 19 часот, ќе бидат доделени и благодарници на поединци и институции кои придонеле за развојот и поддршката на работата на Музејот на македонската борба за самостојност.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top