Македонија

15 уапсени оти возеле без возачка дозвола, со активна забрана или пијани

МВР

– Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б-категорија, еден под дејство на алкохол, а еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Велес и Гостивар управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б-категорија, а едно лице во Штип управувало возило под дејство на алкохол. А едно лице во Кавадарци управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или се под дејство на алкохол.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top