Македонија

2.000 тони жито исчезнале од државните резерви – ОЈО бара мерки на претпазливост за осомничените

МВР поднесе кривична, ОЈО отвара истрага

2 илјади тони пченица и јачмен „испареле“ од државните стокови резерви. За време на корона кризата во 2019-2021- та година, незаконски биле отпишани околу 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен, од државните стокови резерви, а направената штета се проценува на околу 780 илјади евра.

Вкупно петорица ја злоупотребиле службената положба со неизвршување, а меѓу осомничените е и екс-заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Иако биле должни да ја известат Владата дека има неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен во Јавно претпријатие „Агро берза“, тие доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата постапиле спротивно на Законот за стоковните резерви.

„..Лицата делото го сториле така што Н.Р., Р.А., Т.К. и Т.Д. во својство на овластени лица ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба на начин што иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации“ стои во кривичната пријава од МВР.

Надворешен соработник кој бил ангажиран како вешто лице преку Бирото за процена изготвил наод во кој внел невистинити податоци, не земајќи ги предвид сите податоци и реалната состојба.

„Вештиот наод бил приложен кон информацијата до Влада и истата била прифатена од страна на Владата, при што Агенцијата за стоковни резерви Скопје била задолжена да изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна, во вкупна вредност од 29.112.000 денари или 473.365 евра (во моментот на отписот по цените кои се набавувала пченицата и јачменот во 2022 година, вредноста на истата изнесувала 48.000.000 денари или 780.487 евра), која вредност преставува штета на Буџетот на Македонија“ велат од ОЈО.

Според информациите, покрај Димковски и вештакот, осомничени се и директорот на Агенцијата за стокови резерви како и двајца раководители во истата Агенција.

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а обвинителството бара определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во суд за сите осомничени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top