Македонија

25 милиони евра за зелени бизниси: ИНОВА ја стартува грантовата шема 2026–2030 со поддршка од ЕУ и Владата на Македонија

ИНОВА ја стартува грантовата шема 2026–2030 со поддршка од ЕУ и Владата на Македонија

Со денешниот настан се одбележува официјалното отпочнување на проектот „Грантова шема за поддршка на зелени бизниси 2026–2030“, кој го имплементира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Проектот претставува една од најзначајните инвестиции во зелена економија досега и има за цел да ја забрза зелената транзиција на малите и средни претпријатија во Република Македонија.

На свеченото отворање на настанот се обратија Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и амбасадорот на Европската Унија, г-дин Михалис Рокас, кои ја истакнаа важноста на стратешката соработка меѓу Европската Унија и Владата во унапредувањето на зелената економија и одржливиот развој на државата.

Со вкупен буџет од 25 милиони евра, од кои 18 милиони се обезбедени од Европската Унија, а 7 милиони од државниот буџет, проектот директно придонесува кон остварување на целите за климатска неутралност утврдени со Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Преку насочени инвестиции во приватниот сектор, иницијативата ќе поттикне воведување на еколошки одржливи деловни практики, намалување на јаглеродниот отпечаток и усвојување на европски и меѓународни стандарди за заштита на животната средина.

На настанот се обрати директорката на ИНОВА, г-ѓа Даниела Димовска, која истакна дека овој проект ја симболизира иднината на економскиот развој на државата. „Зелениот раст денес повеќе не е избор, туку економска, развојна и цивилизациска нужност. Проектот „Зелени бизниси” не го гледаме како уште една програма, туку како сериозна и долгорочна интервенција во начинот на кој нашите компании функционираат и се натпреваруваат на европските и светските пазари“, нагласи г-ѓа Димовска, додавајќи дека амбицијата на ИНОВА е да создаде нова генерација компании кои ќе бидат чекор пред европските стандарди и ќе се позиционираат како зелени лидери во регионот.

Преку грантовата шема се очекува поддршка за најмалку 300 мали и средни претпријатија, мобилизирање на најмалку 8 милиони евра дополнителни приватни инвестиции и имплементација на ЕУ или меѓународни стандарди во најмалку 180 претпријатија. Истовремено, проектот има амбиција да придонесе кон создавање најмалку 700 нови работни места, намалување на користењето на природните ресурси за 20 проценти и зголемување на прометот на поддржаните компании за најмалку 10 проценти.

Проектот ќе се спроведува во периодот од јануари 2026 до јануари 2030 година и се очекува да создаде значајни мултиплирачки ефекти низ целата економија, поттикнувајќи иновации, инвестиции во обновливи извори на енергија и одржливи деловни модели, во согласност со европските и националните стратешки документи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top