Македонија

Тетовка измамена, уплатила 14 илјади евра за стан во Германија

За стан во Германија

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од Косово за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска.

Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во три наврати му ги пуштила парите. Исто така, според пријавеното, после некое време го побарала да види до каде е работата со станот, при што тој ја информирал дека ќе треба да лежи во затвор затоа што бил осуден, по што сфатила дека била измамена и случајот го пријавила и во Косово и во СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top