Македонија

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

 

Во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан“, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека Муцунски посочи дека изминатата година била особено предизвикувачка за Министерството, кое трипати се соочило со сложени кризни ситуации со значителни логистички и безбедносни предизвици.

Тој потсети дека по трагедијата во Кочани институцијата учествувала во организирањето на извлекување на 115 повредени македонски граѓани, нивно лекување во странство и нивно враќање во државата. Подоцна следела и безбедносната криза меѓу Иран и Израел, кога биле организирани евакуации на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток.

Муцунски нагласи дека во последната криза операцијата била дополнително сложена бидејќи македонски граѓани престојуваат во повеќе држави во регионот, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Израел.

„Сметам дека во сите три ситуации постапивме успешно како институција, а повратните реакции од граѓаните покажуваат дека државата стои зад нив и дека може да сметаат на поддршка во најтешките моменти“, изјави Муцунски.

Тој посочи дека со четири организирани евакуациони летови биле евакуирани вкупно 458 патници, од кои 380 македонски државјани и 78 странски државјани.

„Во минатото знаевме да бидеме држава која бара солидарност. Денес сме држава која во тешки времиња нуди солидарност на своите соседи и на своите меѓународни партнери“, рече министерот.

Муцунски нагласи дека во ваквите операции најважен приоритет е безбедноста на граѓаните и дека зад ваквите активности стои широка координација на повеќе институции и дипломатско-конзуларни претставништва.

„Кога сте македонски граѓанин, треба да знаете дека имате држава и институции кои стојат зад вас“, порача Муцунски. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: Државата се справи со софистициран сајбер напад врз дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека изминатиот викенд државната дигитална инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

Oткриени неправилности кај некои откупувачи на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата продолжува со теренските инспекциски надзори за спроведување на новиот Закон за забрана на нелојални трговски практики. При инспекциските надзори во неколку центри за собирање овошје и зеленчук, констатирани се голем број прекршувања во односите меѓу купувачите и земјоделците.

Како да се открие рак во рана фаза?!

Меланом е сериозна форма на рак на кожа која започнува во клетките што го произведуваат пигментот меланин. Иако не е најчест вид рак на кожа, тој е најопасен затоа што може брзо да се прошири во други органи ако не се открие навреме. Меланомот најчесто се појавува како нова бемка или како промена на постоечка. Затоа, секоја промена на кожата што изгледа необично треба да се следи внимателно.

Муцунски на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара!

Во заднината на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, во Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија Велислава Петрова.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче, чуварот на криминалите на Заев и специјалниот пратеник на Радев во Македонија, е супер упорен да одработи предавство во полза на Бугарија!

Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДС и настапите на Венко Филипче поврзани со ЕУ стремежите на Македонија. Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат. Прес-конференциите кои се одвиваат по принципот „сакам да кажам – не знам да речам“ се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија Венко Филипче, реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top