Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

Повеќе студенти кои биле на студентска работа во Германија преку „Work&Travel“ програмата се соочуваат со известувања од Управата за јавни приходи да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД) и да ги пријават своит приходи од остварената сума која веќе им е оданочена во Германија, а притоа и да платат данок за поврат на задржаниот данок кој го добиле од Германија, а бил трансфериран на македонска девизна сметка пренесува студентска организација „Студентарија МК“.

Според информациите од студентите, УЈП испраќа известувања со кои се бара приходите стекнати во Германија да бидат пријавени преку системот е-ПДД. Најголем дел од реакциите доаѓаат од оние кои веќе извршиле поврат на данок во Германија, по што сега се соочуваат со обврска да платат 10% данок на вратениот износ. Дополнително, УЈП бара оваа обврска да се исполни ретроактивно за период од 2020 до 2025 година. Кај дел од студентите постои и конфузија околу тоа дали се оданочува само повратот на данок или целокупната заработка, при што во одредени случаи се бара данок на целата сума заработена во Германија. Ова отвора дилеми за можноста од двојно оданочување, имајќи предвид дека Македонија и Германија имаат потпишано договор за негово избегнување. Иако студентите легално го враќаат данокот во Германија – најчесто поради тоа што нивните приходи се под прагот за оданочување – УЈП го третира овој поврат како нов приход кој подлежи на оданочување во земјава. Студентските организации веќе најавија дека ќе испратат официјални барања до УЈП со цел да се добијат јасни и унифицирани насоки за постапување. Рокот за пријавување на овие приходи е 31 март.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Двајцата премиери разговарале и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем.

To top