Македонија

62 години од кобниот 26-ти јули 1963-та година

Во земјотресот загинаа 1.070 лица, 3.000 беа повредени, биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава

„Скопје е погодено од катастрофален земјотрес“-

Со овие зборови, дежурниот телефонист во пошта Скопје, Ѓорѓи Атанасовски кој успеал да воспостави телефонска врска со Белград веднаш по разорниот удар ја пренесе клучната информација до Радио Белград. Светот преку ТАСС, Би-Би-Си, и други светски агенции дозна за трагедијата што го разурна главниот град на Македонија на 26 јули 1963 година.

Атанасовски останал на своето работно место и покрај опасноста и оштетувањата на зградата на Пошта Скопје, што му овозможило да одигра клучна улога во раната комуникација и мобилизација на помошта, потсетуваат медиуми.

Во земјотресот загинаа 1.070 лица, 3.000 беа повредени, биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава.

.Првата помош за жителите дошла од тогашните југословенски републики, по што дури 87 држави од светот испратија помош, за неговата обнова, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во својата долга историја, Скопје, повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал…

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top