Македонија

Аца Лукас по скандалот најави голем хуманитарен концерт во Скопје – сите пари ќе одат за Кочани

Концерт од хуманитарен карактер

Не стивнуваат реакциите во врска со скандалот што се случи на настапот на српската фолк-ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци.

Откако на познатиот фолк-пејач Аца Лукас му беше прекинат концертот во Кавадарци и беше приведен од страна на полицијата, а потоа му беше изречена казна од судот за немање дозвола за работа, денес се огласи и премиерот на Македонија, Христијан Мицковски.

Мицкоски: Никој не е над законот, ни естрадните ѕвезди

Премиерот на прес-конференција за медиумите истакна дека за овој случај не треба да се обрнува многу внимание.

„Законите се јасни, правилата се јасни, сите мора да ги почитуваат“, изјави тој, па додаде и дека строго и внимателно ќе го следат однесувањето на овој вид на забавни уметници и нивни менаџери.

Потсетуваме, настапот беше прекинат затоа што според официјалните изјави на напите служби, имало низа неправилности, а во врска со тоа се огласи и градоначалникот на Кочани, Митко Јанчев.

Тој потенцираше дека не смее да се дозволи „сценариото Кочани“ да се повтори и дека безбедноста треба да е на прво место.

Во текот на денот се огласи и менаџерот на Аца Лукас, Саша Мирковиќ, заедно со пејачот, а открија и детали во врска со најавениот концерт на Лукас за 20 декември, кој треба да се одржи во салата Јане Сандански.

Најпрво Аца Лукас се огласи со видео снимка по апсењето и потенцираше дека нема намера во блиска иднина да настапува во Македонија бидејќи тука не се чувствува безбедно (види тука), па многумина се прашуваа што ќе се случува со најавениот концерт „Кафанска ноќ“ за 20 декември.

Во најновото видео менаџерот на пејачот откри дека најавениот концерт ќе биде од хуманитарен карактер за семејствата на настраданите во Кочани. Покрај Лукас, на концертот ќе настапат и Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, и сите собрани средства од продадените влезници, односно комплетниот приход ќе биде наменет за добротворни цели.

Тие потенцираа и дека трошокот ќе биде платен од нивна страна, така што сите пари од билетите ќе одат за донација.

Видеото погледнете го во продолжение:

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top