Македонија

Африм Фидани e новиот претседател на Врховниот суд

Фидани е судија на Врховниот суд од 2017 година. Во неговата биографија објавена на веб-страницата на судот стои дека по завршување на средното училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на приштинскиот универзитет. Во 1989 година дипломира. Работно искуство: од 1990 до 1996 година работи во просвета на […]

Фидани е судија на Врховниот суд од 2017 година.

Во неговата биографија објавена на веб-страницата на судот стои дека по завршување на средното училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на приштинскиот универзитет.
Во 1989 година дипломира.

Работно искуство: од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно-административни. Од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија како републички инспектор за труд во областа на работните односи. Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште. Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар. Од 18.7.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.

Со осум гласа „за“ и пет „против“ судијата Африм Фидани беше избран за претседател на Врховниот суд.

За Беса Адеми, која конкурира за повторен мандат, гласаа само двајца членови, а единаесет беа против.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top