Македонија

Агресивни насилници од Студеничани попречувале полицајци во вршење службени дејства

На подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје, вчера при контрола на Н.И.(22) од село Студеничани, Скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола. По кратко време на местото дошле две возила, од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Истиот ден во 16:35 часот на автопат кај клучка„Хиподром”, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.Ј.(26) од село Студеничани, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во Билтенот.

Најнови вести од: Македонија

To top