Македонија

Ахмети: Добро е што бев на лидерската средба

Вели дека ги претставува Албанците во политиката веќе 22 години

 

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вели дека добро е што бил на лидерската организирана од премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели, Европа е формирана со неколку принципи како што се дијалог и компромис.

„ Учеството на ДУИ на лидерската средба беше многу потребно за да се разговара за сите теми, иако сите теми што ги мислевме и оценувавме не беа дискутирани на средбата со лидерите, одредени теми останаа да се дискутираат како двете најголеми политички партии на најголемите заедници во земјата“, изјави Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Меѓу другото, тој рече дека ги претставува Албанците во политиката веќе 22 години, поради што се вели дека следел 8 или 9 премиери.

„Не влегов во ова поле на дејствување за да следам премиери, но се случи Албанците во Македонија да гласаат за ДУИ како легитимна сила, секако ние сме биле легитимни претставници и ги претставувавме Албанците овие 22 години, а секако другите не добиле избори, а ние сме ги следеле како премиери, 8 или 9 не знам“, рече Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top