Македонија

Ако сакаат идила, македонските политичари да ги нема на Х поранешен Твитер

Дури 98% од коментарите кон политичарите на социјалната мрежа Х поранешен Твитер содржат омраза

Омразата доминира во македонскиот онлајн политички простор, покажува анализата на проектот ENCODE.

Од анализираните 120.000 објави и коментари на платформата X од Северна Македонија, 98% од коментарите насочени кон политичарите содржат елементи на омраза, а 82% содржат јасни индикатори на гнев.

За разлика од очекувањата, омразата не се зголемува само во изборни периоди – таа е постојано присутна во текот на целата година.

Истражувањето, кое опфаќа вкупно 2,17 милиони објави од шест земји, покажа дека содржини кои предизвикуваат страв и анксиозност генерираат најмногу реакции, додека конструктивните и позитивни пораки се најстабилен двигател на досег.

Емоциите, а не рамнодушноста, ја бранат демократијата во Македонија

Граѓаните кои изразуваат гнев, анксиозност или надеж се значително помалку склони да ги „продадат“ своите политички права, заклучуваат истражувачите од проектот ENCODE.

Според бихејвиоралниот експеримент, политички рамнодушните испитаници се поотворени за парична компензација за промена на став или воздржување од гласање.

Ова ги наведува авторите да заклучат дека „рамнодушноста кон политиката е поголем демократски ризик од самата емоционалност“.

Истражувањето исто така покажува дека проблемот на современата политика не е премногу емоции, туку недостигот од емоционална разновидност во јавниот дискурс.

Наодите беа презентирани на настан во Скопје од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на двогодишниот европски проект ENCODE.

Фото: Институт за демократија

Поврзана вест
Процентот на Македонци кои не ја продаваат душата за пари ист со противниците на промена на уставот за влез на Бугарите

Македонците не си ја продаваат душата за пари, зад нас останаа Италијани, Австријци, Данци…

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top