Македонија

Владата на Македонија воспоставува Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините и за користењето пари од меѓународни фондови

Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде осмислен како институционален механизам, што ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Република Македонија преку обезбедување специјализирани услуги во административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот развој и за подготовка на техничка документација

На денешната седница на Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за локална самоуправа, е одлучено да отпочнат активности за воспоставување Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, за таа цел Владата на Швајцарија, претставувана од нејзиното министерство за надворешни работи, преку Амбасадата на Швајцарија, Швајцарската агенција за развој и соработка и Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа ќе потпишат анекс кон Договорот за спроведување на Проектот „Одржлив и сеопфатен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде осмислен како институционален механизам, што ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Република Македонија преку обезбедување специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиско планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување пари од меѓународни фондови.

Како што се нагласува, Владата на Република Македонија останува посветена на спроведувањето на своите политики и донесените одлуки во интерес на граѓаните и државата. Како што беше претходно соопштено, на денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење арбитражни постапки, беше усвоена информацијата, со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како „Казандол“ и со тоа се заштедени 115 милиони евра, буџетски пари на граѓаните. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година, со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања против Република Македонија и ги одби во целост.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top