Македонија

Александар Даштевски, Наташа Габер и Тони Менкиноски меѓу кандидатите за судија во Стразбур

Судии, обвинители, адвокати, но и деканот на Правниот факултет

Судии, обвинители, адвокати, но и деканот на Правниот факултет, Сашо Георгиевски се пријавија на повторениот оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Вкупно биле пријавени 20 кандидати, а 11 од нив го поминаа првиот филтер на Комисијата.

На интервју на 20 октомври треба да одат деканот Георгиевски, судијката Оља Ристова од Апелацискиот суд, уставната судијка Наташа Габер Дамјановска, судијата од граѓанскиот суд Али Алиу, членот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, адвокатите Тони Менкиноски, Јордан Апостолски, Наташа Бошкова, Јелена Ристиќ и Ана Дангова.

– Комисијата за избор на кандидат на  Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд одржа седница. Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју – соопшти Комисијата.

Дел од пријавените на претходниот оглас кој го поништи Владата (откако беа избрани финалните тројца кандидати, обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски) не ги исполниле критериумите. Од нив тројцата само Апостолски се пријави на новиот оглас. Иако се пријавиле на овој оглас не одат понатаму Велимир Деловски, Соња Петрушева, Александар Гоџо, Валентин Пепељуговски, Ѓоко Живкоски, судијата Андреј Димовски, судијката Лидија Неделкова, заменик дирeкторот на Aкадемијата за судии и јавни обвинители Илир Исени, судијката Едита Наскова и Александар Лазов.

Предлог-листата што ја скрои претходната комисија, не беше по мерка на Владата, па формираше нова комисија со нови членови. Новата комисија очекува да ги испочитува роковите и да избере кандидат, но мислење треба да даде експертскиот панел на Советот на Европа.

Откако претходниот состав на Комисијата намерно или ненамерно ја прекрши процедурата и предлог листата наместо до Советот на Европа ја испрати прво до Владата, каде што заглави и беше отфрлена, сега новата Комисија предлозите ќе ги прати прво до Советот пред да бидат доставени до Владата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top