Македонија

Али Ахмети до Албин Курти: Да побараш извинување од Албанците во „РСМ“! Ти зазеде страна на Мицкоски!

Индикативно, не случајно токму преку медиум од Албанија, со чиј премиер Еди Рама е во „братски односи“, челникот на „интегративците“ Ахмети се обидува да го „дисциплинира“ лидерот на косовската партија Ветвендосје (Самоопределување) и премиер на Косово Албин Курти „да не му давал поддршка“ на Христијан Мицкоски!

„Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека застанува на страната на премиерот на С.Македонија, Христијан Мицкоски на штета на тамошните Албанци и на нивните права. Тој му упати порака дека треба да побара извинување од Албанците во С.Македонија, поради тоа!“ – наведе „Еуроњуз Албанија“, објавувајќи некои од покарактеристичните искажувања во интервјуто, дадено за овој медиум од Албанија.

„Еуроњуз Албанија“ наведува: „Зошто Албин Курти ја зазема страната на Мицкоски? Тој зазеде отворено страна во поддршка на противалбанската политика на Мицкоски. Тоа не ми пречи. Јас сум соработувал со сите политички партии во Албанија и Косово, но никогаш не сум зазел нечија страна. Нам ни требаат добри односи со двете албански држави. А во С.Македонија медиумите два месеца се занимаваат со Коридорот 8, дека се гради во Голема Албанија.’ – рече Али Ахмети.“

„Ахмети посочи дека позициите на Албанците во С.Македонија се деградираат поради нивната несоодветна и недостојна застапеност во владата.“

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

To top