Македонија

Али Ахмети го „прослави“ 2 мај, „Денот на прогласувањето на Карадак како зона ослободена од УЧК во 2001“ и порача: Тоа е и натаму „симбол на отпор“!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го „прослави“ 2 мај „Денот на прогласувањето на Карадак како ослободена територија“ од страна на УЧК во 2001 година“, означувајќи го овој датум како „важен момент во новата историја“. „Во Слупчане е напишана една од најзначајните страници, а прогласувањето на Карадак како слободна зона е доказ за решителност за слобода, достоинство и еднаквост. Карадак и неговите жители остануваат симбол на отпор и единство за поправична иднина.“ – рече Ахмети. Со оваа своја порака тој отвори дилема: каков „симбол на отпор“, но и кон кого, продолжува да биде и денес ова „прогласување територија ослободена од борците на УЧК во мај 2001“?! Претседателот на ДУИ Ахмети „прославува“ и денес „25 години од прогласувањето слободна зона“ инаку на територијата на унитарната држава Македонија!

Во својата порака Ахмети, исто така, „со почит им се поклони на мачениците и борците на УЧК“, нагласувајќи дека „нивната жртва ги постави темелите на мирот и правата што ги уживаат Албанците денес“.

„Нивната посветеност останува водилка за нашиот пат напред. Вечна слава на оние што паднаа за слобода!“ – посочува првиот „интегративец“.

Карадак, планински регион во Кумановско, кој ги опфаќа и Слупчане и Липково, во 2001 година беше симболичен термин за „ослободена“ територија од ОНА/УЧК.

Најнови вести од: Македонија

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

To top