Македонија

Алијансата на Села добива кандидати за Струга и уште две општини

Дел од раководството на ДУИ се обидело во Струга кандидат за градоначалник да биде од оваа партија но…

Алијансата за Албанците на Зиадин Села добива кандидати за Струга и уште две општини тврдат извори во неговата партија.

 

Договорот за овие три општини е направен вчера на средба со лидерите на коалицијата што ја преводи ДУИ на Али Ахмети.

 

Села пред два мандати беше градоначалник на Струга каде не успеа да ги реши основните општински проблеми.

 

Дел од раководството на ДУИ се обидело во Струга кандидат за градоначалник да биде од оваа партија но откако Села ја довел во прашање соработката на локалните избори ако не го добие тоа што го барал раководство на ДУИ попуштило и Али Ахмети нема да има свој кандидат во оваа голема општина.

 

Другите две општини каде што кандидати за градоначалници се на Села се Дебар и Арачиново.

Поврзани вести

Се сметаше за најсигурен кандидат за градоначалник но испадна во финалето

Блерим Беџети извиси, Сарај е една од трите општини каде Таравари ќе даде кандидати за градоначалници

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат современа сообраќајна артерија

Со инвестиција од 88.9 милиони денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт, Општина Кочани ја реализира реконструкцијата на булеварот „Теодосија Паунов“, кој опфаќа дел од потегот од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до спојот со улицата „Генерал Апостолски“, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот кој е предмет на овој проект изнесува 2.015 метри, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Одбележани 25 години од нападот на полициската станица во Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Одборот на бранители на Македонија во тетовско Теарце организираше комеморативен собир со цел да се одбележат 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при терористички напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top