Македонија

Алсат: Дали АА на Села ќе се вклучи во Вреди и во Владата?

„Крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села објави дека ќе одржи собрание утре, на 27 декември 2025 година во Скопје, по одлуката за напуштање на коалицијата Национална алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети.“ – објави ТВ Алсат

Телевизијата натаму наведува: Изет Меџити, градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на Вреди, вчера го објави спојувањето на крилото на Алијансата за Албанците на Села со вреди и неговото вклучување во владата. Не е познато дали на утрешното собрание на тоа крило на АА ќе се расправа дискутира и за неговиот премин во Вреди и вклучување во управувањето со земјата.

Во меѓувреме Зијадин Села продолжува да чека на партиските печати во процесот меѓу него и Арбен Таравари, додека на последните избори се вели дека Села регистрирал нова политичка партија. – објави ТВ Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top