Македонија

Алсат: Мендух Тачи сакаше да стане цар, но го изгуби и замокот!

Телевизијата посочува дека ДПА имаше 11 пратеници во Собранието на Македонија во 2006 година, а денес ја загуби речиси целата членска база

„Сакајќи да стане крал,  го изгуби и замокот!“ – вели една народна поговорка, што најдобро ја отсликува состојбата, во која заврши лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Ова се наведува во статијата на ТВ Алсат со наслов „Мендух Тачи, сакајќи да добие многу, остана без соработници ниту на власт ниту во опозиција“.

Натаму во статијата се изнесува: Тврдејќи дека дејствува во духот на Арбен Џафери, Тачи со ДПА никогаш не успеа да победи на избори. По заминувањето од Европскиот фронт, за да стане дел од владата, Тачи најпрво побарал две директорски места, а потоа четири. Освен нив, Тачи побарал и едно министерство без ресор. Овие барања биле премногу високи за власта и поради тоа не е постигнат договор за соработка. Тачи ја прекина соработката и со својот најголем политички противник во целата кариера, Али Ахмети, со кого една година порано воспостави соработка како да не се случило ништо.

„Знам дека изгледа чудно, можеби често неразбирливо и банално. Но, соработката со Ахмети и неговата партија не е од денес. Таа соработка има историја, во таа историја има документирани факти. Таа историја започнува од Призренската спогодба.“ – рече Мендух Тачи.

Сега кога соработката не продолжува Тачи ја смени реториката. „Имајќи предвид дека Ахмети и ДУИ се главните одговорни за ова потценување и понижување на Албанците, и во временска смисла, 23 години на власт, ние одлучивме дека и со нив да немаме никаква соработка, а уште помалку коалиција. Додавајќи на ова дека Ахмети свесно ги зема како сојузници двата заколнати непријатела на ДПА, не штедејќи ништо, за да ѝ наштети на оваа партија, Собранието констатираше дека соработката со Ахмети и ДУИ е целосно невозможна.“ – посочи Тачи.

Формирана во 1994 година по отцепувањето од ПДП, ДПА и Тачи постепено ги спуштаат завесите. Во 2006 година ДПА имаше 11 пратеници во Собранието на Македонија, но денес ја загуби речиси целата членска база. Црна дамка во биографијата на Тачи, без сомнение, е прислушуваниот разговор, објавен од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, Тачи се слуша како му вели на тогашниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, дека ќе му биде верен до смрт. Од 2004 година сенката на американската црна листа го следи  Тачи. Како последица на прислушувањата Тачи беше осуден на три години затвор за изборни нерегуларности, но не ја одлежа никогаш казната никогаш. – објави ТВ Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top