Македонија

Андоновска: Сè додека Филипче и Заев владеат во СДС, партијата нема никаква реална шанса да се реформира

Изборниот резултат беше само статистичка потврда за ова

СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата. Филипче, како продолжена рака на Зоран Заев, продолжува да ја третира партијата како приватен проект, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изборниот резултат беше само статистичка потврда за ова. На своето конто, СДС брои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, историски изборен дебакл на СДС, кој за Филипче е успешен резултат за кој му честитаме. Се додека Филипче и Заев владеат во СДС и тоа не се искорени целосно, партијата нема никаква реална шанса да оди напред, ниту пак има шанса да се реформира. По ова се гледа дека обидот на Филипче за реформирање, кој толку долго и широко го најавуваше, не само што е пропаднат, туку не е ни започнат“, рече таа.

Според Андоновска, Филипче треба да си даде оставка од претседател на СДС, затоа што, додава таа, како тој што нагласува некогаш државотворната СДС, целосно ќе ја снема од политичката мапа во земјата, поради неговите политики.

„На македонската политичка сцена и е потребна конструктивна опозиција, ослободена од стегите на Заев и Филипче“, рече Андоновска.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top