Македонија

Андоновски: Забрана за 53 нелегални приредувачи на игри на среќа

Издадена е првата забрана за нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во интервју на Алфа телевизија, кажа дека станува збор за дури 53 портали „Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се […]

Издадена е првата забрана за нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во интервју на Алфа телевизија, кажа дека станува збор за дури 53 портали

„Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа, знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари’’, појасни Андоновски.

Министерот додаде дека овие портали кои се нелегални, за краток период ќе бидат забранети.

„Овие 53 портали се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства, налогот го испративме до АЕК која што во најбрз можен рок, а најдоцна до 7 дена, треба да го препрати до телеком операторите коишто се во Македонија, а тие веднаш да постапат и да ги забранат’’, додаде тој.

Андоновски исто така објасни дека ова е само прв налог за забрана на портали, бидејќи овие 53 се најкористените од нашите сограѓани и дека во следниот период ќе следат уште портали. Тој дополни дека проблемот е и во тоа што парите и информациите што ги предаваат граѓаните кон овие портали, немаме информација каде одат, а многу лесно може да се искористат на штета на граѓаните.

„Имаме група на приредувачи на игри на среќа, коишто потекнуваат од Македонија, но веб страниците се регистрирани на некои други домени, односно не се точка мк, туку точка нет, или точка ком и така натаму, знаеме дека се од Македонија и тука веќе имаме опасност затоа што тука може да се крадат средства. Не знаеме воопшто каде одат средствата на граѓаните, не знаеме каде одат нивните лични податоци коишто тие ги ставаат на тие портали. Затоа и ги таргетиравме најкористените портали,  а веднаш во следниот период, кога ќе помине оваа прва фаза, подготвуваме втор налог и мислам дека во рок од еден месец, ќе стигнеме и до 160 портали’’, заврши Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Поддршка на украинскиот министер Кулеба за кандидатурата на Османи за Чаир! – Мешање во внатрешните работи на Македонија, или манипулација на Османи?!

„Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба испрати моќна и емотивна видео порака во поддршка на Бујар Османи и неговата кандидатура за претседател на Чаир.“ – објави ТВ Шења во информацијата „Кулеба: Османи е човек, што ја заслужува довербата – ова го научив во најтешките моменти на војната“. Натаму телевизијата наведува: Во пораката Кулеба му […]

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во својот говор во Чаир, се осврна на тврдењата на одредени политичари дека Албанците наводно сакаат да ја поделат Македонија.

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет

„Веруваме во дијалог и во компромис кога тој е правичен и заемен. Пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западниот Балкан во нејзиното јадро.“ – став на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во Блед пред министрите за надворешни работи од Западниот Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.

„Фол“: Раскол во ДУИ во Теарце, Тетовско: оставки на претседателот на подогранокот во Одри Џелили и членот на огранокот Зибери

Одлуката на Али Ахмети и претседателството на ДУИ кој да биде кандидиран на локалните избори за претседател на селската општина Теарце, во тетовскиот регион, предизвика многубројни незадоволства во огранокот на ДУИ во Теарце во тетовскиот регион. – јавуваат албанските медиуми.

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70%

Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти.

Најнови вести

To top