Македонија

ДКСК: Ивица Томовски нема врска со фирмата „Сити аутсорсинг“

Опозициската СДСМ обвинуваше дека 161 тенедер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба, но тој ги отфрли обвинувањата

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции.

Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.

Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема, објави Фактор.

„Нема ниту сопственичка, ниту управувачка поврзаност на службеното лице или на член на неговото семејство. Од електронскиот систем на јавни набавки се гледа дека не се наведени податоци за договори склучени меѓу наведеното трговско друштво и институцијата со која раководи службеното лице, изјави Спасовска-Медарска.

Претходно, опозициската СДСМ обвинуваше дека 161 тенедер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба. Томовски ги отфрли обвинувањата и велеше дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во компанијата посечена од опозициската партија. Тој ги повика ДКСК и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат, затоа што само така, како што истакна, може да ја докаже својата невиност.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top