Македонија

Ангелов: Над 250 доброволни пожарникари за справување со летните пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување вели дека годинава државата е најподготвена досега и дека доброволните сили за првпат ќе бидат обединети под единствена команда

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата се ставени на располагање на националниот систем за справување со летните пожари.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека годинава државата е најподготвена досега и дека доброволните сили за првпат ќе бидат обединети под единствена команда.

Тој истакна дека тимовите за брз одговор ќе ги сочинуваат исклучиво членови на доброволните противпожарни друштва.

На пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром денеска беше извршено постројување на повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија, кои ќе бидат дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување во борбата против летните пожари на отворен простор.

Според ДЗС, со постројувањето за првпат е утврдена реалната бројка на доброволци кои организирано ќе можат да бидат ангажирани при интервенции низ целата држава.

„ Да покажеме дека ве има! Да покажеме колку ве има! За првпат сите доброволни противпожарни друштва имаат можност да бидат обединети под една заедничка команда и организирано да се вклучат во националниот систем за гаснење на летните пожари“,  порача Ангелов.

„Пред мене стојат повеќе од 250 доброволни пожарникари. Од денес јавноста ќе знае дека сте сериозна и респектабилна сила – рече директорот на ДЗС.

Ангелов најави развој и јакнење на доброволното пожарникарство.

ДЗС веќе иницирала законски измени за подобрување на статусот на доброволните противпожарни друштва, како и измени во Законот за пожарникарство, рече тој

Воедно најави дека доброволните пожарникари ќе добиваат дневен надоместок за секој ден кога ќе бидат ангажирани од Дирекцијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top