Македонија

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

„Утрово околу 4 часот, ветер како на филм ги префрли пламените јазли кон селото Бонче, Прилепско, во долот. Благодарение на храбрите пожарникари, селото беше спасено, дури јас бев песимист дека ќе успееме во таа намера“, рече Ангелов.

Тој посочи дека огнената линија била долга, а теренот тежок поради ридовите и високата вегетација. „Селото има 50-60 куќи, по ридиштата, со висока вегетација. Побарав помош и од пожарникарите во Прилеп и Кавадарци, а од Кавадарци сега се тука“, изјави Ангелов.

Во интервенцијата биле вклучени и доброволци од Битола, од кои дел, според Ангелов, се наголтале чад. „Ако не беа тука, огнот ќе поминеше низ селото, а ќе имавме страшна глетка. Таму живее и млада мајка со бебе, што ја видов изминативе денови“, рече директорот на ДЗС.

Сериозна состојба има и кај селото Палиград во Општина Студеничани, каде огнот исто така се приближил до населеното место. „Таму има тим од професионални пожарникари кои дежураа. Таму дејствуваат ер-тракторите. Тој пожар, кој е на планината Китка, неколкупати е гаснет“, изјави Ангелов.

Тој информира дека вчера во државата биле регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор, а дел од нив загрозувале и населени места. Активни пожари има и во реонот над Маврово и Кичево.

„Оваа ноќ катастрофата беше избегната над село Бонче“, порача Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: На отворен простор 31 пожар во изминатото деноноќие во Македонија, осум се активни

Целосно се изгаснати 23 пожари од оние 31 на отворен простор ширум Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Пожари биле регистрирани во Крушево, Битола, Делчево, Штип, Струга, Вевчани, Липково, Куманово, Валандово, Сарај, Студеничани, Врапчиште, Тетово, Чучер Сандево, Карпош, Струмица, Василово, Прилеп и Гостивар.

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски

Српски туристи се налутија и сега скапо си го плаќаат инаетот: Заглавија на границата со Бугарија оти не сакаат да плаќаат казни

Српски возач во Македонија, македонски возач во Србија или кој било странец во Бугарија мора да ги почитува прописите на државата низ која вози. Регистарската табличка не е дипломатски пасош, анализира Плус инфо

To top