Македонија

Анкета: Бети Стаменкоска-Трајкоска ги води СДСМ и Левица со 4:1 во Кисела Вода

Во трката за градоначалник на Кисела Вода, најголема поддршка добива Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ со 39,2% од анкетираните. После неа следува Јане Ацевски со 10,5% и Горан Трајковски со 10,2%

Бети Стаменкоска-Трајкоска е со водство од скоро четири наспрема еден со нејзините противкандидати од СДСМ и Левица во Општина Кисела Вода. Ова го покажа телефонската анкета за Град Скопје спроведена во септември 2025 подготвена од ИПИС за потребите на МРТ во која учествувале 1017 испитаници со маргина на грешка +/- 3 %, каде за Општина Кисела Вода испитаниците одговориле дека општината се движи во целосно правилна насока со процент од 38,8 % , животот моментално во споредба на изминатите неколку години е многу подобар со 36,3 % а очекувањата на граѓаните се дека животот во Кисела Вода во наредните неколку години многу ќе се подобри.

На прашањето според вас во каква насока се движи Општина Кисела Вода испитаниците одговориле со целосно правилна 38,8 %, донекаде правилна 26,6, донекаде погрешна 16,9 целосно погрешна 14,3%.

На прашањето дали, споредбено со изминативе неколку години животот во Кисела Вода сега е подобар или полош, испитаниците одговориле со: многу подобар 36,3%, донекаде подобар 25,3% ист 13,8, донекаде полош 11,9% и многу полош 11,3%.

На прашањето дали сметаат дека во наредните неколку години животот во Кисела Вода ќе биде подобар или полош, испитаниците одговориле со многу ќе се подобри 35,3%, донекаде ќе се подобри 21,1% ќе остане ист 10,7% донекаде ќе се влоши 8,4% многу ќе се влоши 7,8% и не знаат 16,7%.

Во трката за градоначалник на Кисела Вода, најголема поддршка добива Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ со 39,2% од анкетираните. После неа следува Јане Ацевски со 10,5% и Горан Трајковски со 10,2%. Поддршката за независни кандидати е пониска, со само 3,3%, додека 4,7% од испитаниците изразиле поддршка за друг кандидат. 32,0% од испитаниците се уште не знаат за кого ќе гласаат или не сакаат да одговорат.

ВМРО-ДПМНЕ ја води трката со 39,1% поддршка. 23,2%, од испитаниците се изјасниле дека не знаат или се неопределени, додека СДСМ и Левица се на слично ниво, СДСМ со 9,8% и Левица 9,5%. 5.2% од испитаниците ја поддржуваат Независна листа или изразиле неусогласен став, не сакале да кажат, 5,4%. За ЗНАМ се изјасниле 4,2% од испитаниците, додека 2,5% одговараат дека не би гласале за ниту една партија, а 1,2% поддржуваат друга опција.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top