Македонија

Антикорупционерите се прогласиле за ненадлежни за иницијативата на обвинителот Цветановски

Кој и зошто ги штити обвинителите поврзани со поранешното СЈО?

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 13 октомври, без јасно образложение, донела одлука да се изземе од одлучување во врска со пријавата на обвинителот Јован Цветановски, доставена на на 24 декември минатата година.

Што содржи пријавата на обвинителот Јован Цветановски?

Во пријавата се вели дека јавните обвинители Љупчо Коцевски, Лиле Стефанова и Елвин Вели биле должни да внимаваат за потенцијален судир на интереси при спроведувањето на надзорот над работењето на Вишото јавно обвинителство Скопје, лани во октомври.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски знаел дека Лиле Стефанова и Елвин Вели имаат основи за судир на интерес при извршувањето на надзорот, тврди Цветановски.

Лиле Стефанова била во судир на интереси по повеќе основи. Таа вршела надзор за два предмета во кои претходно учествувала како обработувач на предметите во прв степен и ги застапувала (првично како обвинител во укинатото СЈО, а подоцна и како обвинитело во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција). Надзорот го користела со цел да го оправда незаконитото работење и пропустите кои претходно се утврдени од Вишото јавно обвинителство Скопје, што е документирано и за што е подготвен службен материјал. Суштествена пречка таа да врши надзор е и тоа што била пријавена и има статус на осомничена за кривично дело Злоупотреба на службената положба.

Наместо да одлучува за оваа пријава, ДКСК, откако ги пробила сите законски рокови, пријавата ја доставува на постапување до Советот на јавните обвинители.

Прекрешени многу одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси

Важно е да се нагласи дека обвинителот Јован Цветановски иницијативата ја поднел во својство на службено лице, повикувајќи се на членот 17 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Во Законот за спречување на корупција и судир на интереси јасно се дефинирани надлежноститe, роковите и начинот na одлучување. Во член 17 од овој закон се вели дека Државната комисија, меѓу другото, има надлежност да  постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси.

Во член 76 ставот 6 од Законот е наведено дека одлуките од своја надлежност, за предметите за кои отпочнала постапка, Државната комисија ги донесува во рок од 30 дена. Во овој случај, пријавата е поднесена декември 2024 година, а одлуката во октомври 2025 година. Со тоа е сторена повреда на правото на навремена постапка и правото на ефикасна заштита, гарантирани со член 15 став 1 од Уставот и член 10 од Законот за општата управна постапка.

Целиот текст на порталот Плус инфо може да го прочитате на следниот линк.

Најнови вести од: Македонија

Николовски: Од септември Скопје ќе ги добие првата делница од Градскиот воз и првите 30 нови автобуси

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

To top