Македонија

Антимигрантската петиција на СДСМ пропадна, доби само 2.125 потписи

За успех на петицијата против наводни мигранти од Велика Британија на „државотворците“ им недостигаа 47.875 потписи

Петицијата на СДСМ насловена „Одбрана на Македонија!“ и покрената на специјализираниот портал „Петиција.мк“ против наводната намера на Владата да дозволи прифаќање мигранти од Велика Британија заврши неуспешно поради недостиг од 47.875 потписи.

Петицијата на партијата што своевремено се претставуваше како „државотворна“ доби само 2.125 потписи од потребните 50.000.

„Ние, граѓаните, ја потпишуваме оваа петиција за одбрана на Македонија!

Го креваме гласот на народот, се мобилзираме за зачувување на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата татковина.

Во релевантни британски медиуми се објавија детални информации дека власта води разговори Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти.

Овие информации отвораат сериозни прашања за нашата безбедност, иднина и демографска стабилност.

Европската статистика јасно покажува дека земјите кои воделе лоши политики за интеграција на мигранти се соочиле со: зголемено насилство, криминал, немири, конфликти во заедниците.

Дури и најразвиените држави во Европа, како една Германија, Британија, Шведска….со години едвај се справуваат со овој предизвик.

А како ќе се справи Македонија, држава со слаби, нефункционални и под партиска контрола институции? Никако.

Во исто време, Европската Унија ги заострува мерките за мигрантите со построги правила за добивање азил, и побрзи процедури за депортирање.

Дали ќе дозволиме отворање центри за мигранти во различни општини во Македонија?

Дали ќе дозволиме сценарија во кои илјадници мигранти ќе добиваат македонски пасоши?

Мора да кажеме гласно и одлучно: НЕ!

НЕ за мигрантски бази во Македонија. НЕ за опасни и антидржавни политики. НЕ за национално предавство, понижување и загрозување на безбедноста.

Со потпишување на оваа петиција помагаме во зачување на нашата татковина. Помагаме да ја зачуваме безбедноста и иднината на Македонија.

Време е за заедничка акција, да не чекаме мрачни сценарија да се остварат, ќе биде касно!

Делуваме сега!

Да ја обраниме Македонија!

Потпишувам!“, стои во текстот на петицијата на партијата на Венко Филипче.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top