Македонија

Апелација ги потврдила клеветите на Насер Селмани за Канал 5

Предходно основниот граѓански суд донесол иста пресуда за клевета и навреда

Минатата недела Апелацискиот суд во Скопје ја потврдил пресудата на Граѓанскиот суд во Скопје, со која Насер Селмани е осуден за клевета и навреда.

Селмани објавува дека според Судот тој клеветел една национална телевизија и нејзиниот директор (Канал 5 и Иван Мирчевски) затоа што на суд не го докажал своето тврдење дека „медиумите сеуште се контролирани од партиите и владата“ и дека „директорот на телевизијата врши притисок врз новинарите“.

 

Селмани е новинар и поранешен претседател на Здружението на новинари на Македонија.

,,Потсетувам дека истиот директор во 2023 година пред целата македонска јавност се вмеша во дебатна емисија на новинар, прво се обиде да го избрка гостинот, а потоа му нареди на новинарот да ја прекине емисијата”, објави Селмани кој открива дека аудот не досудил штета, туку го обврзал да плати адвокатски трошоци на тужителите и да објави дел од пресудата во еден дневен весник.

,,Ова информација ја споделувам со Вас не дека јас лично сум засегнат, туку дека оваа пресуда може да има несогледливи последици врз слободата на говорот во Северна Македонија ако не се реагира навремено.

Жално е што судот уважи тужба, која ако доселедно се почитуваше Законот и судската пракса од Европскиот суд во Стразбург мораше да падне.

Овие тужби во принцип судот треба да ги отфрли затоа што се користат како средство за вознемирување, ограничување или казнување на слободното избразување на теми од јавен интерес. Нивната цел е да малтретираат, заплашуваат и замолчуваат критични гласови во општеството и да предизвикаат „ефект на одвраќање“ од јавна дебата”, смета Селмани кој пишува дека препознавајќи го проблемот, Советот на Европа во 2024 година донесе Препорака CM/Rec(2024)2, за борба против употребата на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs).

,,Во ова препорака Советот на Европа ги потсетува земјите членики на обврската да овозможат безбедно и поволно опкружување за учество во јавна дебата за секого, без страв, дури и кога нивните мислења се спротивни на оние кои ги бранат официјалните власти или значајни делови од јавноста.

Препораката потенцира дека слободните избори, слободата на изразување, посебно слободната политичка дебата, заедно претставуваат столб на секој демократски систем и дека соодветно има мал обем на ограничувања на политичкото изразување или дебата по прашања од јавен интерес.

Ги повикувам новинарските здруженија, ЗНМ, Синдикатот на новинари, СЕЕМ и други невладини организации кои се занимаваат со заштита и промоција на слободата на медиумите, внимателно да ги следат и да реагираат соодветно на ваквите опасни обиди за ограничување на слободата на говорот.
Исто така, ја повикувам Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадите на САД, Германија, Франција и на Велика Британија, да ги известат нивните влади за оваа негативна судска пракса која се воспоставува во Северна Македонија, која сериозно ја ограничува слободата на говорот во земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ”, пишува Селмани.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

ОМО „Илинден“ – Пирин: Шовинистичка забрана за Менкиноски зашто е Македонец! ЕУ не смее да остане рамнодушна на бугарските закани кон македонскиот идентитет!

„Поддршка за Менкиноски! Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина – таа е етничка, само затоа што е Македонец. Oва е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во некои кругови во Бугарија.“ – реагира жестоко политичката органиација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“-Пирин по одлуката на официјална Софија да му се забрани влез во Бугарија на Тони Менкиновски до 2036 година, затоа што претставувал „закана за националната безбедност“ на оваа држава-членка на ЕУ.

To top