Македонија

АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Овие постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозно загрозување на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана. Новинарите имаат право и обврска да известуваат за прашања од јавен интерес, без да бидат изложени на притисоци, закани или насилство.

Особено загрижуваат смртните закани, кои претставуваат кривично дело и бараат итно и ефикасно постапување од надлежните институции. Очекуваме институциите со должно внимание да ги разгледаат овие случаи и да обезбедат соодветна заштита, со што ќе придонесат кон јасна и доследна практика дека заканите, говорот на омраза и онлајн насилството кон новинарите се недозволиви.

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top