Македонија

Азири го обвини Османи за корупција во Чаир

Aзири, пред гинеколошката болница „Мајка Тереза“ го обвини Бујар Османи за неуспешниот проект за реконструкција, кој, според него, заврши со корупциски скандал вреден над 21 милион денари

На денешната прес-конференција пред гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, портпаролот на Локалниот штаб на Вреди, Сабри Азири, остро го обвини кандидатот и поранешен министер Бујар Османи дека зад себе оставил недовршени проекти и корупциски афери. Тој посочи дека реконструкцијата на болницата, наместо да донесе подобра здравствена услуга, станала симбол на злоупотреби.

– Меѓутоа, на таа прес-конференција испуштивме еден проект кој е заштитен знак на неговата кариера како министер за здравство, а е директно поврзан со Чаир. Тоа е фамозниот проект за реконструкција на гинеколошката болница „Мајка Тереза“, чиј епилог заврши со коруптивен скандал познат како „Пациент“, за злоупотреби во вредност над 21,6 милиони денари или околу 350 илјади евра. Наместо чаирани да добијат современа гинеколошка болница, тие добија уште еден симбол на корупцијата – изјави Азири.

Тој додаде дека во долгата политичка кариера на Бујар Османи, која трае повеќе од десет години, резултатите за Чаир се речиси непостоечки.

– Бујар Османи на државни функции поминал 3.672 дена – или десет години и 22 дена. Во целиот тој период, нема ниту еден ден посветен на Чаир, но затоа имаше два дена со Сергеј Лавров во Скопје, цела недела со Никола Груевски во Будимпешта и неколку блиски вработувања во јавни институции. Чаирчани добија само празни ветувања – рече Азири.

Тој ја постави и дилемата дали Бујар Османи некогаш дејствувал во интерес на граѓаните, без лична корист.

– Само од овој предмет логично се наметнува прашањето – дали Османи прави било што без личен ќар за себе или за неговите најблиски? Со кој образ денес ветува нови проекти на жителите на Чаир, кога тогаш, кога имаше цела деценија во централната власт, не направи ништо за нив? – додаде портпаролот.

Азири заврши со порака дека граѓаните на Чаир не забораваат и ќе одговорат на 19 октомври.

– Жителите на Чаир точно знаат кој е со нив цело време, а кој доаѓа само пред избори. На 19 октомври, Бујар Османи ќе биде пациентот на гласачите на Чаир, кои масовно ќе му ја отворат излезната врата од политиката – порача Азири.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top