Македонија

Азизи: Засилено разговараме со 3-4 разочарани пратеници од НАИ да станат дел од Вреди и Владата, ова ќе го финализираме

„По локалните избори во Гостивар и Врапчиште во јануари 2026 година ќе има проширување на пратеничката група на Вреди.“ – најави Аднан Азизи, пратеникот од Вреди во емисијата „Дебата“ на ТВ 21.

Пратеникот Аднан Азизи не спомена конкретни имиња со кои 3-4 пратеници од опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција на ДУИ (НАИ) се водат засилени разговори да преминат во од Вреди. Но, тој додаде дека ова ќе биде финализирано, бидејќи тие пратеници „се разочарани“ од политичките субјекти, во кои се сега.

Запрашан дали се работи за пратеници од НАИ, тој одговара потврдно: „Да, од НАИ. Верувам дека ќе го финализираме конкретниот чекор со нив да бидат дел од Владата, да ни се придружат. Точно е дека се водат засилени разговори, дури и лично контактирав со некои од моите колеги. Тие не го оправдуваат ставот на соодветните партии и целиот овој наратив и став на креирање политики.“ -изјави пратеникот од Вреди Аднан Азизи, објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top