Македонија

Бегај: Во ѕидовите на Собранието чука срцето на мултиетничка држава

За претседателот на Албанија, правичното решавање на албанското прашање и употребата на албанскиот јазик клучни за Македонија

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во првиот ден од својата тридневна посета на Македонија се обрати пред пратениците во македонското Собрание.

„Да ја продлабочиме нашата економска соработка, да ја зацврстиме координацијата во НАТО, да градиме инфраструктура, образование и култура. Заедно да го заштитиме Охридското Езеро како наследство за идните генерации. Да создадеме повеќе можности за младите и да градат иднина во нашите земји. Да вложуваме во човечките односи, за нашата врска да биде пример за регионот како од недоразбирања создадовме партнерство. Време е да одиме заедно кон интегриран, поконкурентен и поправеден регион. Во ѕидовите на ова на Собранието чука срцето на мултиетничка држава. Албанија ќе биде тука, не само како сосед, како економски партнер, не само како сојузник во НАТО, туку како поддржувач кој верува во вашиот модел и нашата заедничка евроатлантска иднина. Да работиме за нашите деца да растат во регион каде границите се само административни показатели на мапата и каде иднината е една, во европското семејство“, рече Бегај од говорницата.

Правичното решавање на албанското прашање и употребата на албанскиот јазик се клучни за стабилноста и перспективата на земјата, нагласи тој.

„Охридскиот рамковен договор докажува дека дијалогот може да ја победи кризата – колку и да е длабока. Албанија го цени Охридскиот договор како историско постигнување. Вие сте дел од Собрание што создаде историја и стана модел за други држави“, им се обрати Бегај на македонските пратеници.

Најнови вести од: Македонија

ГГ Стефан: Светлината на воскреснатиот нека нè просвети

„Христос воскресна! – Навистина воскресна!, наведува г.г. Стефан, е поздрав на животот што Бог ни го подари не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан што ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание

To top