Македонија

Бегство од брзото секојдневие: Селата во Туркије меѓу најпосакуваните дестинации за мирен одмор

Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена

Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во Туркије се сметаат за одлични дестинации.

Тие на туристите им нудат автентична култура, гастрономија од фарма до трпеза, традиционални занаети и богата архитектура. Барбарос, кое Агенцијата на ОН за туризам го вброи меѓу „Најдобрите туристички села за 2025 година“, е сместено во Урла, Измир, и е старо 700 години. Таму времето тече побавно, а посетителите можат да престојуваат во зачувани камени куќи, да шетаат по уличките со калдрма или да купуваат во продавниците за ракотворби, како поддршка за локалните жени-занаетчии.

Прочуена традиција во Барбарос е „Тропни на врата“, каде знак на влезната врата ги кани посетителите на домашен оброк, подготвен со локално маслиново масло, зеленчук од домашните градини и свежи билки. Меѓу омилените специјалитети е катмер, топло печиво полнето со домашно сирење, магдонос и кромид. Во пролет, мештаните собираат еден вид лаванда, која му дава мирисна нота и препознатливост на селото. За туристите кои сакаат локални обичаи, септемврискиот Фестивал на страшилата е искуство што не треба да се пропушти. Селото со својот рурален шарм е одлично за мирни вечери, а на само три километри се наоѓа Винската рута, со голем број ресторани препорачани од Водичот MICHELIN, кои нудат префинети специјалитети.

Во Анталија се лоцирани две фасцинантни бавни села признати од Агенцијата на ОН за туризам. Кале Учагиз е познато и како „Селото на замокот“, а освојува со спојот на мир, богата историја и авантура. Тесните улички опкружени со камени куќи водат до семејни ресторани, уметнички работилници, како и до средновековниот замок по кој селото го добило името. Околината е идеална за пловење, кајакарење и нуркање. Селото се смета и за порта кон прочуената Ликиска патека, една од најпознатите долги пешачки рути во светот. Во близина се наоѓаат и античкиот град Мира, како и Црквата на Свети Никола во Демре, посветена на светецот познат како Дедо Мраз.

Ормана, пак, е село сместено на планината Таурус, а е познато по своите уникатни „куќи со копчиња“, изградени од локален камен и кедрово дрво, без употреба на малтер и со техники што се пренесуваат од генерација на генерација. Денес многу од нив работат како бутик-хотели. Автохтоните билки, грозјето и гроздовата меласа, во комбинација со локално козјо сирење, го отсликуваат богатството на локалната кујна. Традиционалното свилено ткаење Гиламик, пак, може да биде убав сувенир. Во близина се наоѓа пештерата со најголемото подземно езеро во Туркије, како и рамнината низ која слободно талкаат диви коњи. Ормана е вклучена и меѓу најдобрите одржливи патувања на GoTürkiye.

Анитли, порано познато како „Хах“ на сириски јазик, е село во регионот Тур Абдин кое привлекува со средновековниот амбиент, камената архитектура и културното наследство. Тоа е дел од локалитетот „Доцноантички и средновековни цркви и манастири во Мидјат“, кој се наоѓа на прелиминарната листа на светско наследство на УНЕСКО. Во Црквата на Богородица лоцирана во самото село на секои 15 дена се одржуваат литургии и утрински богослужби.

Во непосредна близина е и манастирот Мор Габриел, најстариот активен сириско-православен манастир во светот, основан во 397 година, кој е задолжително да се посети. Лебот од наут подготвен според вековни рецепти, сириската бурек-пита, локалните туршии, како и бадемовите слатки, се неизбежни локални специјалитети. Посетителите најчесто престојуваат во традиционалните камени куќи во Мидјат, оддалечен околу 20 километри од Анитли, од кои многу биле користени како локации за популарни турски телевизиски серии. Сепак, како најавтентично искуство останува ноќевање во рамките на самиот црковен комплекс во селото.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

To top