Македонија

Борба за правда без компромиси: Мицкоски повика професионалци за јавен обвинител

Избор на нов републички обвинител

„Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука“.

Вака изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во дневникот на телевизија Сител.

Ние ја водиме владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада во минатото, на наследен Јавен обвинител му оставивме година и половина да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите какви се, и логично е, не сме задоволни и влегуваме во процес да бараме Јавен обвинител од којшто очекуваме многу повеќе – посочи премиерот Мицкоски, охрабрувајќи ги сите коишто се чувствуваат компетентни да се пријават за нов Јавен обвинител.

Мицкоски потсети дека, согласно закон, потенцијалниот Јавен обвинител доаѓа од јавнообвинителската служба со минимум 10 години работно искуство или кривичен судија.

– Не може сега истакнати правници, таков е законот. Сега од овој базен треба да очекуваме да се пријават кандидати. Логично е од обвинителството да се пријавуваат кандидати коишто се минимум во вишите обвинителства во апелационите подрачја и претпоставувам оние јавни обвинители од државното јавно обвинителство, како и кривични судии коишто се кривичари коишто очекуваме да поднесат свои апликации. Дали имаме фаворит, ако ме прашувате, немаме, еве ги охрабрувам сите оние коишто се чувствуваат компетентни, коишто сакаат правда, право во државата да се пријават – нагласи премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top