Македонија

Божиновска: Должниците ќе мора да платат – интересот на државата и граѓаните на прво место

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини  во Република Македонија за првпат воведе системски пристап за активна заштита на државата во сите судски постапки

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини  во Република Македонија за првпат воведе системски пристап за активна заштита на државата во сите судски постапки, истовремено покренувајќи нови тужби за наплата на долгови од должници. Оваа промена доаѓа по проценка дека претходно државата била оставена без соодветна правна одбрана во бројни предмети, што довело до ризик од значителни финансиски загуби.

Министерката Сања Божиновска истакна дека во изминатите години не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност на побарувањата и не биле бранети државните позиции. „Во изминатите години државата била оставена без активна правна заштита – не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност на побарувањата и не биле бранети државните позиции. Министерството го менува тој пристап: активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата, иницира постапки за наплата на долгот на државата. Обврска ни е да ги штитиме средствата на граѓаните и ставаме ред во правните постапки“, рече таа.

При превземањето на надлежностите, Министерството затекна шест судски предмети против Министерството за економија во вкупна вредност од 421.862.824 денари. Правниот тим веднаш се активираше, што резултираше со одбивање на две тужби во вредност од 315 милиони денари, заштитувајќи го буџетот од огромни трошоци. Вкупната вредност на предметите против Министерството сега е намалена на 106,8 милиони денари.

Дополнително, увидот во документацијата покажа дека досега не биле поднесени тужби против должници за наплата на неплатени надоместоци. Во соработка со Секторот за минерални суровини, утврдени се застарени и нови побарувања по основ на концесиски надомест. Како резултат, Министерството покрена 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари, од кои дел веќе се завршени со спогодби и позитивни пресуди. Истовремено, на Управен суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, со позитивна пракса за одбивање на тужби и предлози за временски мерки.

„Нашата должност е да ги заштитиме буџетските средства, да го прекинеме долгогодишниот хаос и да ставиме ред во сите правни процеси. Со тоа ја браниме државата, а пред сè – интересот на граѓаните“, порачаа од Министерството, нагласувајќи дека овој пристап стави ред во судските процеси и го штити јавниот интерес.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top