Македонија

Божиновска: Најдобро е Чебрен и Галиште да бидат домашни инвестиции

За еден или два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот Чебрен и Галиште – дали ќе биде целосна државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство

 

 

Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува дека е најдобро да биде домашна инвестиција, но нагласува дека станува збор за голема инвестиција и дека финансиските можности на Буџетот мора реално да се испитаат.

„Се согласувам дека е најдобро проектот да биде наш, но кога ќе го видиме Буџетот и капиталните инвестиции ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра за пет години – што не е малку.

Мислам дека за еден или два месеца ќе имаме повеќе информации“, изјави Божиновска вчера по прес-конференцијата на која зборуваше за Годишниот план за изградба на енергетски проекти за оваа година.

Министерството за енергетика тврди дека има инвеститори заинтересирани за овој проект.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top