Македонија

Брвеница гласа за градоначалник

Портпаролката на ДИК информираше дека гласањето започнало во 7 часот и дека сите избирачки места биле навремено отворени. Засега, како што посочи, изборниот процес се одвива во мирна атмосфера.

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти.

  • „Своето право на глас го оствариле 646 граѓани“, изјави портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.

Според првиот пресек на податоците пристигнати во ДИК, одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, кога до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од запишаните избирачи.

Портпаролката на ДИК информираше дека гласањето започнало во 7 часот и дека сите избирачки места биле навремено отворени. Засега, како што посочи, изборниот процес се одвива во мирна атмосфера.

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, граѓаните избираат меѓу двајца кандидати, а право на глас имаат вкупно 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

Од ДИК потсетуваат дека за граѓаните и во вториот круг е достапна бесплатната телефонска линија 0800 555 44, на која можат да добијат информации за прашања поврзани со остварувањето на гласачкото право. За лицата со оштетен слух, достапен е телефонскиот број 076 488 360, на кој преку видеоповик можат да добијат информации на знаковен јазик.

Најнови вести од: Македонија

Уапсен е Марко Кричак, началник на криминалистичката полиција

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Радар“ на Н1 Белград. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“

Од 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

To top