Македонија

Бугаринот Виктор Стојанов поттикнувал скопјанец да шири омраза кон Македонија

Pретседателot на бугарската фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик

ОЈО Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Осомничениот,  скопјанец, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.

На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.

Имено се работи за Виктор Стојанов, кој ѝ е добро познат на македонската јавност по низа антимакедонски објави и провокации со кои го негира постоењето на македонската нација. Во јавноста беше споменуван и по кампањите за нудење 300 евра за промена на презимиња во „ов/ев“, донирање бугарски знамиња, обезбедување сателитска телевизија со бугарски канали, како и ширење пропаганда и поттикнување тензии преку мрежа на портали и поткасти.

Преку неговата фондација „Македонија“ е регистриран и сајтот supportbginmk.eu, на кој се објавуваат случаи за, како што се наведува, „репресирани“ Бугари од Македонија и се поднесуваат претставки до институциите на ЕУ и Советот на Европа.

Стојанов се поврзува и со бугарската партија „Преродба“, а во јавноста се споменува и како идеолошки близок до Благовест Асенов од ултранационалистичката групација „Национален отпор“, која заедно со „Бугарскиот национален сојуз“ е организатор и поддржувач на Луковиот марш.

Од Агенција за национална безбедност соопштија дека акцијата следела по претходно обезбедени информации за субверзивно-пропагандни активности на домашни и странски недржавни актери.

„Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи синхронизирано презедоа организирани мерки за кривично-правен прогон на лица и одземање пропагандни материјали кои имаат цел да предизвикаат етничка и национална нетрпеливост, раздор и омраза меѓу граѓаните“, велат од АНБ.

По претходни сознанија на АНБ, полицијата извршила претрес и одзела пропаганден материјал што 30-годишен скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.

„На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период објавува содржини со цел поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство“, велат од ОЈО.

Обвинителството посочува дека во координација со надлежните органи продолжува со обезбедување докази.

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец (30) исто како него ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку општествените мрежи

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

To top