Регион

Бугарите на протестите побараа оставка на Радев, нарекувајќи го „измамник“, „кукавица“ и „штетен за Бугарија“, а владата како „неспособна и криминална“!

Бугарската новинска агенција БТА објави: Антивладините демонстранти го блокираа сообраќајот на централните улици во Софија во саботата. На митингот се скандираше: „Оставка“ и „Ова не е Москва“! Граѓаните масовно бараа итна оставка од кабинетот на Радев само еден месец по неговото стапување на должност. На антивладините демонстрации во Софија вчера имаше транспоаренти со порака: „Чичо Румен, оди си со мир!“ „Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио.

БТА наведува: Манол Глишев, еден од организаторите на настанот, им изјави на новинарите дека затворањето на парламентарниот комитет за досиеја на тајната полиција и парламентарниот комитет, одговорен за прашања поврзани со децата и семејството, ја затвора вратата на Бугарија и кон нејзиното минато и кон нејзината иднина. Методи Лалов, еден од говорниците на протестот, изјави дека „Бугарија нема да му служи на рускиот претседател Владимир Путин“. Тој го обвини Радев дека е „кукавиц“а, исто како претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов, и претседателот на МРФ Делјан Пеевски. Лалов ја критикуваше опозицијата за нејзиното отсуство од протестот.

Бугарскиот информативен портал Медијапул“ објави: Првиот протест против владата на Румен Радев во саботата навечер собра стотици луѓе кои побараа негова оставка, извикувајќи „Ова не е Москва“ пред зградата на Советот на министри. Според нив, премиерот Румен Радев, кој стапи на должност на 8 мај оваа година, е „штетен за Бугарија“, а владата е „неспособна и криминална.“ Присутните на протестите побараа оставка од целиот владин кабинет кабинет, поради „погрешни политики“. Луѓето објавија дека се чувствуваат „измамени од Радев, по предложениот нацрт-буџет за оваа година и првите домашни политички одлуки“.

„Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио. „Она што го прават е неприфатливо. Имаат грешки во предложениот буџет. Ова е некомпетентност.“ –  додаде друго лице на протестот пред Советот на министри.

Барања на протестантите на антивладините демонстрации во Софија вчера: „Чичо Румен, оди си со мир!“

„Сакаме да ја собориме владата на Радев, затоа што е многу штетна за Бугарија, затоа што го тргна патот кон Русија. Ние не ја сакаме Русија, ние ја сакаме Европа.“  – рекоа други незадоволници-протестанти. Методи Лалов, кој е говорник на протестот, рече дека Бугарија нема да му служи на рускиот претседател Путин. Според него, „Радев е лажливец, како Бојко Борисов и Делјан Пеевски“. Лалов ја критикуваше и опозицијата ,бидејќи не присуствуваше на овие антивладини демонстрации.

Полицијата не им дозволи на демонстрантите да влезат во Советот на министри. Протестот беше однапред најавен на социјалните мрежи, каде што 900 луѓе изјавија дека ќе присуствуваат, а уште 8.000 изјавија дека се заинтересирани за демонстрациите. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води до војна ако не бидат соборени на време“, напишаа организаторите во информациите за настанот на Фејсбук. Според нив, премиерот Румен Радев, кој ја презеде функцијата на 8 мај оваа година, е „штетен за Бугарија“, а владата – „неталентирана, криминална и корумпирана“.

Мотивите на организаторите за демонстрациите се: Во месецот што е на власт, партијата на поранешниот претседател Радев успеа да: ја дискредитира Бугарија пред своите сојузници; да земе уште еден огромен заем што сите ќе го плаќаме со години; да ги излаже сопствените поддржувачи; да ја ослабне одговорноста на владата кон Народното собрание. Од друга страна, Радев и неговите луѓе не успеаја да: преземат никакви чекори против Борисов и Пеевски; предложат пристоен државен буџет. 

„Радев ја доби власта со помош на олигарси и добро прикриена изборна измама. Но, тој не знае како да владее. Бугарија ја гледа неговата неспособност. Но, покрај тоа, тој сака да ја врати Бугарија во руската сфера на влијание – а тоа е веќе криминално. И покрај Радев и неговата очигледна зависност од руската амбасада, Бугарија е европска земја“, се вели во информацијата за протестот, , објави бугарскиот информативен портал „Медијапул“.

Фотографии на БТА

Најнови вести од: Регион

Илјадници на улиците во Софија, прв протест и „граѓански отпор“ против владата на „рускиот агент“ Радев, кои ја „одалечуваат Бугарија од европскиот пат“!

Во Софија синоќа се одржа првиот протест против владата на Румен Радев, при што илјадници граѓани излегоа на улиците изразувајќи незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Организаторите упатија остри критики кон премиерот Радев, оценувајќи дека неговото владеење ја оддалечува Бугарија од европскиот пат. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, порачаа организаторите на протестот, пренесува бугарскиот медиум „Актуелно“.

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Најнови вести

To top