Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност во Државната полиција, Димитрак Зиу, изјави дека засилени мерки ќе бидат преземени долж крајбрежјето и на главните патни правци, со цел одржување на јавниот ред и спречување инциденти во текот на летото.

„Покрај зголеменото присуство на полициски службеници, ќе бидат поставени и неколку привремени полициски станици во Валбона, во Тет, во Коман, во Тале, во Заливот Лалзи и во Ксамил. Ова се однесува и на планинскиот туризам, а не само на крајбрежниот туризам “, изјави Зиу, пренесува Плусинфо“

– Меѓународната полициска соработка во текот на летото ќе ги опфати Косово, Црна Гора, Италија и Македонија. Полициски службеници од Државната полиција се испраќаат на заеднички патроли, а полициски единици од овие земји исто така доаѓаат во нашата земја – рече тој.

Во текот на туристичката сезона, на патиштата ќе бидат ангажирани радарски системи и најсовремена технологија за следење на движењето на возилата, со цел да се спречат прекршувања на сообраќајните прописи кои можат да доведат до сообраќајни несреќи.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top