Македонија

Бугарската влада има завојувачки намери кон Македонија – Што мислел Делчев за помош од Софија

,,Повторувам, ударот ќе биде страшен!“, изјавил Делчев

Партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин објавува текст на весникот
„Македонско дело”, од авторот Р.Р., со наалов “Маката на Гоце”, од 10 мај 1927, во кој јасно се гледа што мислел великанот за Бугарските власти.

Во бројот 41 од весникот на страните 6 и 7 е објаснет неговиот став за намерите на Софија кон Македонија.

х=х=х
Ризо Ризов говорејќи за периодот после Солунската афера, бил сведок на една средба меѓу врховистот Владимир Руменов и македонскиот народен водач Гоце Делчев. Ова е уште едно сведоштво дека Гоце Делчев не сакал да има НИШТО заедничко со Бугарија и по секоја цена се трудел да го задржи македонското ослободително дело само на Македонците без туѓа интервенција однадвор.

💬 Ризов раскажува:

„Одеднаш проговоре д-р Руменов: ‘Господа, како што гледате, ние сме во многу тешка положба и не може да направиме ништо сами, зашто немаме пари. Затоа, ете, Бугарската влада ни нуди средства – да ги земеме и да свршиме работа.’

При тие зборови, Гоце скокна како попарен. Лицето одеднаш му се измени. Тој се намршти, ги сви рацете во тупаници и небаре морници му минаа. Та со решителен глас и гест, тој го пресече говорникот: „Тоа не може, тоа нема да биде никогаш!’ “

💬 Ризов објаснува

„Тој прво вложи сили да се совлада себеси, па се обиде да објасни какви погубни последици би имал еден ваков чекор – погубен и за Организациата и за Македонија. ‘Да jа чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!’, повторуваше тој.“

„…и моралниот удар внатре, сред населението ќе бил страшен – луѓето ќе одвикнат сами да си ги задоволуваат своите потреби, сѐ ќе чекаат помош однадвор, ќе jа загубат својата самоувереност“ – а тоа води кон губење на самостојноста и независноста на Организацијата.

На крај, Делчев заклучува за непријателските намери на Бугарија и за опасноста по македонското дело:

„Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да jа исползува создадената состојба на работите внатре со таа ‘помош’ – таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални повластици… Повторувам, ударот ќе биде страшен!“, изјавил Делчев.

ОМО Илинден Пирин изразува благодарност до Macedonia:a True Endless Story за овиавениот материјал за Гоце.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top