Македонија

Бугарски новинар: Груевски не се враќа во Македонија, има блиски врски со меѓународни лидери

Според Николај Крстев, во моментов не е сигурно ни каде е долгогодишниот македонски премиер што доби азил од Унгарија

Новинарот Николај Крстев од Бугарија не очекува поранешниот македонски премиер Никола Груевски, да биде екстрадиран од Унгарија, и покрај промената на власта, бидејќи, според него, постојат докази за блиски врски меѓу експолитичарот и меѓународни лидери, што дополнително ја комплицирало ситуацијата.

Во интервју за Радио Пловдив, Крстев коментираше дека иако постојат очекувања за нов курс по владеењето на Виктор Орбан, враќањето на Груевски во Македонија останува малку веројатно. Според него, дури и не е сигурно каде се наоѓа во моментов некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен претседател на Владата.

Новинарот, исто така, истакна дека промената на власта во Будимпешта може да доведе до поизбалансирана политика на Унгарија на Балканот и слабеење на нејзиното влијание врз медиумската средина во Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top