Македонија

Бугарски пратеник: Да ја вратиме Михаилова само ако го вратат Груевски и оди в затвор!

За разлика од него, Ива не е осудена и е невина додека не се докаже дека е виновна, вели пратеникот од партијата на Борисов

Пратеникот Христо Гаџев од ГЕРБ предложи Бугарија да го услови враќањето на Ива Михаилова во Македонија со тоа на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија.

„Предлагам Бугарија да ја врати Ива Михајлова само и единствено откако РСМ ќе го екстрадира Никола Груевски од Унгарија и тој ќе оди во затвор.

Поранешниот шеф на Мицкоски се крие во Унгарија од отслужување 10 години затвор за корупција.

За разлика од него, Ива не е осудена и е невина додека не се докаже дека е виновна.

Очигледно, постои огромен проблем со владеењето на правото во РСМ. Таму сите се виновни, освен ако не се од ВМРО-ДПМНЕ“, коментира на Фејсбук пратеникот од партијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top