Македонија

Бугарски разузнавач открива како македонски политичари шпионирале за Бугарија!

Цели 6 години врбувал македонски политичари и бугарска мрежа во Македонија

Македонски политичари шпионирале за Бугарија, пренесува партијата на Македонците во Бугарија ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН која пренесува изјави на бугарскиот дипломат и разузнавач Велизар Енчев, кој како новинар известувал од бивша Југославија и цели шест години создавал шпионска мрежа во Македонија!

Во серијата насловена Македонско-бугарски историски контроверзии ОМО ИЛИНДЕН поднесе пренесува постар напис на весникот Утрински весник објавен од една од легендите на македонското новинарство Виктор Цветаноски.

Текстот кој открива вознемирувачки факти за бугарската разузнавачка активност во Македонија и врбување на македонски политичари во продолжение:

Пред војната и за време на војната на Југославија, Бугарија не стоела со скрстени раце. Нејзини шпиони повеќе години ја крстосувале Македонија и ги информирале тајните служби на Софија за се’ што се случувало. Со акредититиви на постојан дописник од Белград на весникот „Отечествен фронт“ и Бугарската национална телевизија, Велизар Енчев создавал мрежа на агенти од пробугарски ориентирани македонски граѓани во повеќе градови и села. Неколкумина од тие агенти станале видни македонски политичари.

Овие и многу други детали од својата разузнавачка дејност во Македонија ги открива Енчев во книгата „Јас бев во разузнувањето“, објавена неодамна во Софија.

📌 „Често патував во Македонија на неколку дена – посетував цркви, манастири, културно-историски споменици во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, десетици села и паланки… Со согласност на Центарот, си поставив неколку цели – не само да собирам информации за политичките, етничките и верските процеси во Вардарска Македонија, но и да привлекувам луѓе за бугарската кауза што го зачувале бугарското самосознание на своитетатковци. Започнав да создавам мрежа од луѓе верни на Бугарија, кои ни даваа информации и ги спроведуваа нашите интереси во соодветниот сектор. Подоцна од тој пријателски круг излегоа неколкумина видни политичари на Република Македонија, чии имиња не можам да ги спомнам од разбирливи причини. Без помошта на сите тие луѓе, беше невозможна да се наложуваат бугарските интереси во Вардарска Македонија“, објаснува Енчев како ја создавал својата мрежа на шпиони.

Бугарскиот шпион ја организирал и првата официјална посета на Љупчо Георгиевски и Доста Димовска на Софија. Еве што вели за тоа:

📌 „Кон крајот на 1991 година, му предложив на раководството на Националната разузнавачка служба на Бугарија да ги покани на официјална посета водачите на демократската македонска опозиција. Новосоздадената опозиција беше олицетворувана од ВМРО-ДПМНЕ и на чело на движењето беа авторитетните личности Љупчо Георгиевски и Доста Димовска. Од своја страна, прифатив ангажман да спроведам сондажни разговори со водачите на партијата, кои уште не ги познавав. Некои министри во владата на Никола Кљусев имаа пријателски однос спрема Софија, додека претседателот Киро Глигоров беше на другата страна. Оценив дека една официјална посета на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Софија, која ќе биде примена од претседателот и од лидерите на парламентарните партии, би имала позитивен политички ефект во двете држави. Така, на македонистите во Скопје ќе им одржиме лекција за балканска дипломатија, зашто не тие, туку опозицијата прави чекор за зближување со Бугарија“, пишува Енчев за своите шпионски години во Македонија.

Откако Софија дала согласност за посетата на Георгиевски и Димовска, побарал средба со првиот лидер на ВМРО, кој веднаш ја прифатил идејата за посета на Бугарија. По една седмица, ги уточниле деталите и во почетокот на февруари 1992 година тргнале за Софија. Тие со својот автомобил, а и тој со својот. Како што пишува бугарскиот шпион, за време на патувањето, автомобилот на Георгиевски и Димовска на двапати бил сопиран од македонската полиција за проверка за на крајот да биде пуштен да го продолжи патот кон граничниот премин Деве Баир, каде што од другата страна на границата ги чекала колона „мерцедеси“ на протоколот на бугарскиот претседател. На Георгиевски и на Димовска им биле приредени сите почести на официјална делегација и ги примиле највисоките бугарски раководители. Одржале средба и со Красимир Каракачанов, за која не сакале да пишуваат бугарските медиуми за да не дознае македонската јавност.

Енчев, кој за својата шпионска работа по враќањето во Софија бил награден со амбасадорско место во Хрватска од тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов, вели дека неговото ангажирање за шпион на бугарските тајни служби не одело толку лесно и дека во почетокот одбивал да се занимава со тоа. Меѓутоа, предизвикан од идејата да работи во Македонија и во Србија и, како што вели, да ја продолжи каузата на поколенијата што се бореле за бугарската идеја во Вардарска Македонија и во западните покраини, како што во Бугарија се нарекува источниот дел на Србија, прифатил да стане шпион.

📌 „Откако владата на Станишев ги отвори архивите на надворешното разузнавање и стави знак на еднаквост меѓу политичката полиција и разузнавањето, осознав дека молчењето не е злато. Тоа е предавство кон луѓето што дадоа се’ од себе за да им служат на бугарските национални интереси во Србија и во Македонија. Во западните покраини живеат 30.000 Бугари, а славјанското население во Република Македонија е 90 проценти бугарско. Независно од политичкиот систем во Бугарија во 20 и 21 век, во тие окупирани бугарски земји нашето разузнавање имаше само една цел – да го зачува бугарскиот етнос од асимилација, да ги гарантира неговите човечки права, да и’ помага на нашата дипломатија во интернационализирање на бугарското прашање во Југославија. Затоа решив: луѓето нека дознаат што правел еден офицер од Националната разунавачка служба во Скопје, Белград, Приштина, Сараево“, ги образложува Енчев причините зошто се решил да прозборе за работи кои најчесто остануваат државна тајна.

📌 Бугарскиот шпион со акредитиви на новинар влегувал во кабинетите на највисоките македонски раководители и разговарал со нив. Тој разговарал и со Лазар Колишевски. „Побарав средба со Колишевски не само поради новинарско љубопитство. Однапред знаев дека тој нема да ми даде интервју. Сакав да ја почувствувам природата на највидниот македонист во Скопје, да ги допрам неговите човечки сетила за да можам подобро да ја разберам генезата на македонската идеја“, пишува Енчев, кој со Колишевски се сретнал во македонското Собрание и со него разговарал еден час. Не добил никаква разузнавачка информација, но затоа, пак, како што вели, на македонското контраразузнавање му дал до знаење дека како новинар може да се сретне и со највисоките македонски раководители.

📌 Енчев раскажува дека на неколку дена пред 10 ноември 1989 година, во Софија пристигнал познат српски писател од тесното опкружување на Слободан Милошевиќ во специјална мисија. Неговата посета ја организирал лично тој и, според него, човекот на Милошевиќ на бугарските раководители со кои се сретнал им го предложил следново: „Бугарија има проблем со турското малцинство, Србија – со Албанците. Нека ги обединиме нашите усилби и да ги решаваме заеднички тие проблеми. Освен тоа, Србија нема да претендира повеќе кон Вардарска Македонија, која може да помине под бугарско влијание…“

📌 Според пишувањето на Енчев, во деновите кога се решаваше судбината на Македонија по распадот на Југославија, имало средба меѓу Воислав Шешељ и Красимир Каракачанов во Белград. Енчев преведувал и, како што вели, дури тогаш разбрал дека и Каракачанов бил разузнавач на бугарските тајни служби. „Каракачанов го водеше разговорот со Шешељ на завидно ниво, исто како и професионалните дипломати. Прво му даде обилни информации за Балканот, Македонија и за Косово. Отворено изјави што значи Македонија за Бугарите и во исто време изрази разбирање за српските емоции за Косово. Шешељ го прифати тој тон и направи анализа и прогнози, што беа многу важни за нас. Тогаш немав претстава дека Красимир Каракачанов работел во бугарското разузнавање“, пишува бугарскиот шпион.

Енчев ќе ја заврши својата кариера како дипломат. На средбата со тогашниот претседател Петар Стојанов, отворено ќе ги каже своите амбиции да биде амбасадор во Македонија, но тој нема да се согласи со тоа и ќе го испрати во Хрватска. Пред да замине во Загреб, на средбата со Стојанов прашал дали може како дипломат да се занимава со македонското прашање. Добил согласност и уште во првите денови по пристигнувањето во Загреб, почнал да работи против Република Македонија. Македонското прашање било иницирано и за време на предавањето на акредитивите на Франо Туѓман, кој за време на средбата го прашал дали е родум од Македонија, зашто слушал дека повеќето бугарски политичари и дипломати имале македонски корен. Енчев му одговорил дека тој нема македонски корен, но дека дедото на неговата сопруга бил заедно со Ванчо Михајлов. Користејќи ги амбасадорските позиции, бугарскиот шпион ќе прави се’ на Хрватите да им докажува дека Македонците се Бугари, дека браќата Миладиновци во Зборникот објавен во Ѓаково со помош на Штросмаер отпечатиле бугарски народни песни, а не македонски.

Фото ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top