Македонија

Цели 13 години имаше власт, премиер и шеф на дипломатија пред да му текне да бара укинување на судот за УЧК

Дел од набљудувачите тврдат дека и може да биде  лично засегнат од работата на овој Трибунал

Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше цели 13 години да спроведе операција за поништување една одлуката на Советот на Европа за формирање на Специјалниот суд кој ги гони злосторствата на косовската УЧК.

Ахмети од 2011 година кога е донесена Резолуцијата до 2024 година кога падна од важат имаше свој премиер во македонската влада, Талат Џафери, имаше и министер за надворешни работи, Бујар Османи.

 

Сите овие години на власт Ахмети не направи ништо а сега кога е во опозиција отиде во Приштина и бара Скопје да ја поништи одлуката на Советот на Европа.

,,Бараме претставниците на Република Албанија и Република С.Македонија, кои се во Советот на Европа, да побараат преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година, бидејќи досега од многу аспекти е докажано дека никогаш немало трговија со човечки органи од страна на УЧК на Косово, поради што беше лажно побарано формирање на Специјалниот суд“.

 

Ова завчера го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на протестниот митинг во Приштина организиран од припадниците и поддржувачите на некогашната Ослободителна војска – УЧК на Косово против Специјалниот судски трибунал во Хаг.

Зошто Ахмети молчеше цели 13 години додека беше на власт а сега бара други да поведат постапка за укинување на Трибуналот знае само тој.

 

Пред да почне војна во Македонија Ахмети беше дел од военото раководство на УЧК на Косово.

Дел од набљудувачите тврдат дека и тој може да биде лично засегнат од работата на овој Трибунал

 

Ахмети во Приштина ги повика Албанија и Македонија „да побараат преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа за УЧК на Косово од 2011“

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top