Македонија

Ченто за гаранцијата на Богоев: Нам ни одбија гаранција од над половина милион евра, други се бранат од слобода

Двојните стандарди

Јане Ченто остро реагираше по одлуката на Кривичниот совет да ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за Стефан Богоев и да му го укине притворот, оценувајќи дека во македонскиот правосуден систем постојат двојни стандарди.

Во објава на социјалните мрежи, Ченто нагласува дека не е приврзаник на лесно определување на најтешката мерка притвор, но смета дека проблемот е во нееднаквата примена на законот.

„Да не бидам погрешно сфатен, јас сум против тоа лесно да се определува најтешката мерка притвор. Но, она што многу ми пречи се двојните стандарди“, напиша Ченто.

Тој посочува дека токму поради ваквите случаи граѓаните имаат впечаток дека за едни судството и обвинителството се „мајка“, а за други „маќеа“.

„Знам како е кога од куќен притвор повторно те враќаат во Шутка 20 и кусур месеци. Знам како е кога 10-15 семејства собираат гаранции со свој имот во вредност од над половина милион евра за да потврдат дека нема да избегаш, а судот тоа го одбива“, наведува Ченто.

Во реакцијата тој споредува повеќе случаи во кои, според него, биле применети различни критериуми.

„Од друга страна гледаме случаи каде лица што биле во бегство добиваат куќен притвор. Други однапред договараат услови за враќање во државата иако биле во бегство. Трети со далеку помали гаранции се бранат од слобода“, пишува Ченто.

Според него, проблемот не е во тоа што некој добил поблага мерка, туку во тоа што законот не се применува еднакво за сите.

„Правдата не смее да зависи од тоа кој си, кого познаваш или на која страна се наоѓаш. Ако сакаме доверба во институциите, тогаш мора да има еднакви аршини за сите. Во спротивно, народот со право ќе продолжи да верува дека за едни има правда, а за други само неправда“, наведува Ченто.

Тој ја завршува реакцијата со зборовите: „Срамота е“.

Реакцијата доаѓа откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев, ја прифати гаранцијата од 55.000 евра и му определи мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за напуштање на државата.

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ вели Богоев по излегување од ќелија

Најнови вести од: Македонија

Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија

„Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката

Денот кога народот кажа „Гласам за Македонија“ (ВИДЕО)

8 Септември 1991, е еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – ден кога граѓаните, во услови на распаѓање на поранешната југословенска федерација, демократски ја избраа самостојноста како пат за иднината на државата

To top