Македонија

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ вели Богоев по излегување од ќелија

Богоев со изјава по излегувањето од суд

Стефан Богоев денеска излезе од притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати гаранцијата од 55.000 евра и ја уважи жалбата на неговата одбрана.

При напуштањето на притворската единица, Богоев кратко одговори на новинарско прашање на „Скопје1“, без да навлегува во деталите на предметот што се води против него.

„Имам предмет, ќе го докажувам на суд, на вас нема да го докажам, за жал, или за среќа“, и порача Богоев на јавноста одговарајќи на новинарското прашање.

На прашањето дали располага со докази со кои би го побил евентуалното обвинение што би можело да биде поднесено против него, тој не даде дополнителен одговор.

Во текот на изјавата, лица од неговата придружба се обидоа да го попречат снимањето на новинарската екипа, по што Богоев видно револтирано реагираше со зборовите: „Батали го бе“.

Тој не одговори ниту на прашањето дали е „фатен со рачињата во медот“, како и на прашањето кој е „ташнарот на Богац“.

Претходно денеска, Кривичниот совет ја прифати гаранцијата понудена од Богоев во висина од 55.000 евра, а покрај тоа му беа определени и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за напуштање на државата.

Експотпретседателот на СДСМ и ексдиректор на Царината Стефан Богоев, фатен со мито за за местење тендер, излегува од притвор! – Судот прифати гаранција од 55 илјади евра!

Богоев е осомничен во истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за наводни злоупотреби во постапка за јавна набавка во Царинската управа.

Извор: Скопје 1.мк

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top